16.8 C
Skopje
среда, 12 ноември 2025

Ѓоковиќ откри што сака да му пишува на надгробниот споменик

Рекордерот по бројот на освоени тениски гранслем-титули, Новак Ѓоковиќ, беше гостин кај новинарот Пирс Морган, со кого имаше искрен разговор на многу теми. Ѓоковиќ зборуваше за многу интересни теми, од кои една беше како познатиот тенисер би сакал да биде запаметен кога ќе почине.

„Би сакал на мојот надгробен споменик да пишува „човек кој ги допре срцата на луѓето“. Тоа е навистина важно за мене. Сакам да бидам запаметен како некој што секогаш играл фер и кој секогаш го давал својот максимум. Тенисот ми донесе гордост, но човечноста и сочувството се вредностите што сакам да ги оставам зад себе“, рече Ѓоковиќ.

Србинот додаде дека е горд на своите достигнувања во тенисот, но дека сцената која ја видел на погребот на Никола Пилиќ пред малку повеќе од еден месец му ги „отворила очите“.

„Мојот татко тенисер, како што го нарекувам, почина пред малку повеќе од еден месец и јас отидов на неговиот погреб. Тоа беше првиот погреб на кој некогаш сум бил. Мојот најголем впечаток од тоа, покрај неверојатната тага и емоциите што ги почувствував, беа човечките врски што ги остави зад себе и ги воспостави во текот на целиот свој живот. Начинот на кој луѓето зборуваа за него беше нешто посебно. Не стануваше збор за тенисот и за тоа што постигна како играч или како тренер, туку за тоа кој беше како личност, како се однесуваше кон луѓето, како ги менуваше животите на младите луѓе или на секој што беше близок. Така сакам да ме паметат“, поентираше Ѓоковиќ.

- Оглас -

Најнови вести