Новак Ѓоковиќ не успеа да дојде до 100-тиот трофеј во кариерата, откако во финалето на АТП 1000 турнирот во Мајами загуби од 19-годишниот чешки тенисер Јакуб Меншек. Чехот многупати изјави дека токму Ѓоковиќ е неговиот идол, а беше и дел од академијата на Србинот.
„Не сакам многу да зборувам, ова е момент за Јакуб и јас му честитам. Ме боли да признаам, но во моментов си подобар, остана прибран во тешките моменти и ова е нешто што често ќе го правиш во годините кои доаѓаат. Можеби ќе ми попуштиш следниот пат.“ – му обрати Ѓоковиќ на чешкиот тенисер.
Меншик ги доби двата сета во тај-брејкота, а со освојувањето на турнирот во Мајами дојде и до парична награда од над еден милион евра. Чехот напредуваше и 30 позиции на АТП ранг-листата, па сега е на 24-тото место, додека Ѓоковиќ останува на петтата позиција.