6.8 C
Skopje
среда, 18 февруари 2026

Ѓоковиќ потврди дека ќе игра на славниот турнир на којшто 10 години чека да се израдува на титула

По поразот во финалето на Отвореното првенство на Австралија, Новак Ѓоковиќ свесно зеде пауза за одмор и го прескокна турнирот во Доха. Тој потег беше неминовен за да може Србинот да се регенерира за тоа што следува, а тоа е напад на рекордот кој моментно го дели со Роџер Федерер. Двајцата имаат по пет титули на Индијан Велс, но Ѓоковиќ е решен оваа година да го остави Федерер зад себе на вечната листа на освојувачи.

Сепак, воопшто нема да му биде лесно на 38-годишниот Новак. Цели 10 години се поминати од последниот негов успех и освоен трофеј на Индијан Велс. И организаторите на турнирот потврдија дека рекордерот по бројот на освоени гранслем-трофеи ќе биде дел од турнирот оваа сезона.

Голема ќе биде конкуренцијата на Ѓоковиќ, но ако може да е нешто плус за Србинот, тоа е што на овој овој турнир се игра во два добиени сета, а не во три, како што е на гранслемовите, па ветеранот ќе има поголеми шанси за победи против фаворизираните Карлос Алкарас и Јаник Синер.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Внесете го вашиот коментар!
Внесете го вашето име тука

- Оглас -

Најнови вести