Најдобриот тенисер на светот, Новак Ѓоковиќ, пристигна во Рим, каде што утре ќе учествува на ревијалниот дел од познатиот „Рајдер куп“ во голф (натпревар помеѓу Американците и Европјаните), турнир кој официјално почнува в петок.
Освен Ѓоковиќ, во „олстар“ тимот ќе бидат и Герет Бејл, кој веќе е како професионален играч на голф, украинската фудбалска легенда Андриј Шевченко, Формула 1 пилотот Карлос Саинс и други спортски ѕвезди.