Ѓоковиќ против Циципас играше за себе, но и за Надал!

Новак Ѓоковиќ беше подобар од Стефанос Циципас со 6-4, 7-6 на меч од групната фаза на завршниот Мастерс кој се игра во Торино и ги уништи надежите на Гркот дека може да биде број 1 на АТП-листата на крајот на годината.

За да може да биде прв, Гркот мораше да ги добие сите мечеви во Торино. Вака, на крајот на 2022 година најдоброрангиран тенисер на светската листа ќе биде Карлос Алкараз или Надал. Алкараз не игра во Торино, а на Надал, кој не е во добра форма, му треба титула во Торино.

Ѓоковиќ има девет победи по ред против Циципас, а скорот во меѓусебните дуели сега им е 10-2.

- Оглас -

Најнови вести