Ѓоковиќ сака да организира тениски олстар спектакл

Новинарот од САД, Џон Вертхајм, откри дека Новак Ѓоковиќ сака да организира тениски олстар меч кој премиерно би се играл идната година и тоа во Лос Анџелес.

Вертхајм оваа ексклузивна информација ја објави во поткастот кој го води поранешниот американски тенисер, Енди Родик.

„Сите сакаат да има олстар меч и во тенисот, зарем не? Натпреварување во вештини, тука ќе бидат и мажи и жени. Знаете ли кое би било добро време да се организира тоа? Непосредно пред стартот на Индијан Велс. Зборував со Новак и тој е заинтересиран за такво нешто. Веќе е изработено и лого за овој настан, и се бара место каде би се одржал овој настан, а најблиску е Лос Анџелес“, открива новинарот Вертхајм.

Новинарот потоа потврди дека токму Новак Ѓоковиќ сака да биде организатор.

„Да, тоа е негова желба. Тој на овој начин бара начин како да се вклучат и останатите тенисери и со тоа би го „зголемил“ своето наследство. Јас мислам дека тоа е добра одлука. Според моите информации, Ѓоковиќ е длабоко навлезен во оваа приказна, тој веќе почнал да бара место во Калифорнија за да се одржи овој настан. Постои можност премиерното издание да биде идната година“, додава Вертхајм.

- Оглас -

Најнови вести