5.8 C
Skopje
недела, 1 февруари 2026

Ѓоковиќ се бореше лавовски, но Алкарас испиша историја

Карлос Алкарас првпат во кариерата го освои Отвореното првенство на Австралија и со 22 години стана најмладиот тенисер во историката кој има барем по една титула од сите четири гренслеми.

Во финалето во Мелбурн, Новак Ѓоковиќ тргна одлично, го доби првиот сет со 6-2, но потоа Шпанецот ја подобри својата игра, кај Новак почна да се чувствува мал замор, и Карлос ја искористи свежината за да ги добие и другите два сета до крајот.

Ѓоковиќ досега имаше 10 победи во 10-те финалиња на Австралијан опен, се обиде да ја освои и 25-тата гренслем титула во кариерата, но Алкарас беше поквалитетен противник отколку Јаник Синер кој во полуфиналето беше надигран од Новак.

- Оглас -

Најнови вести