12.8 C
Skopje
вторник, 23 септември 2025

Ѓоковиќ се помачи, но ја продолжи блескавата низа во градот на светлината (Видео)

Новак Ѓоковиќ неочекувано се задржа на терен подолго од очекуваното, но сепак почна со победа на АТП-турнирот од Мастерс серијата во Париз.

За малку повеќе од два часа најдоброрангираниот светски тенисер го победи Мартон Фуксович со 6:2,4:6, 6:3 и се пласира во третото коло.

Новак има една интересна серија во Париз на овој турнир и го одбива првиот меч во серија од 2012 година, кога беше елиминиран од Сем Квери на стартот.

Првиот сет му припадна на Новак со 6:2 за 38 минути игра, но потоа се разигра Унгарецот и возврати со 4:6 за 1:1 во сетови.

https://twitter.com/TennisTV/status/1455651717727535109?s=20

Третиот сет траеше најдолго, 43 минути, а му припадна на фаворитот со 6:3 за пласман на Ѓоковиќ во осминафиналето, каде што противник ќе му биде француски тенисер, односно победникот од мечот меѓу Манарино и Монфис.

Србинот е рекордер на турнирот со пет шампионски титули.

- Оглас -

Најнови вести