Ѓоковиќ сè уште е без тренер, но откако доби совет од својот бокс, го прегази Баена

Бранителот на трофејот и прв носител, Новак Ѓоковиќ, се пласира во третото коло на Ролан Гарос откако денеска во три сета со 6:4,6:1,6:2 го победи шпанскиот тенисер Роберто Карбаљес Баена.

Ѓоковиќ, кој пред неколку месеци ја прекина соработката со Горан Иванишевиќ, а неодамна и со Ненад Зимоњиќ, на Ролан Гарос допатува без главен тренер, но и покрај тоа, добиваше совети од својот бокс.

Токму по еден совет од својот бокс, и тоа од Бошњаковиќ, заигра многу подобро и дојде до победа.

Мечот започна со брејк на Баена, но Новак експресно возврати и во наредните гемови и двајцата тенисери беа сигурни на свој сервис. Во деветтиот гем, при резултат 4-4, Ѓоковиќ се сврте кон својот бокс и од Бошњаковиќ доби совет како да сервира, по што ги освои двата поени со кои поведе со 5-4, а во наредниот гем ја искористи првата сет топка и поведе со 1-0.

Оттогаш, сè беше полесно за Ѓоковиќ, вториот сет го доби само за 36 минути игра, и тоа со 6:1, додека во третиот сет двапати го одзеде сервисот на противникот за конечни 6:2 и пласман во третата рунда.

Во третата рунда се пласира и Александер Зверев откао во три сета со 7:6,6:2,6:2 го победи Давид Гофан, како и Димитров, кој исто така во три сета беше подобар од Марошан, додека Данил Медведев не го одигра мечот до крај бидејќи Миомир Кецмановиќ поради повреда го предаде во вториот сет.

Кај дамите пласман во следната рунда обезбедија Сабаленка, Свитолина, Рибакина, Јастремска, Самсонова, Фернандес, кои славеа во два сета.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести