Изненадувачкиот пораз на Новак Ѓоковиќ од Холгер Руне на Мастерсот во Рим значи дека Србинот ќе загуби многу бодови и сигурно е дека в понеделник ќе биде втор и ќе има дури 860 АТП поени помалку од Карлос Алкарас, а теоретски има шанса Ноле да падне и на трета позиција на светската ранг-листа.
Данил Медведев не е специјалист за играње на земјена подлога, но ако успее да ги прескокне сите пречки кои ќе застанат на патот, ќе избие на втора позиција, а Ѓоковиќ ќе падне на трето место.
По поразот од Данецот Руне, Ѓоковиќ се жалеше на условите за играње на теренот во Рим.
„Многу е бавна подлогата. Ова е веројатно најладниот и најврнежлив ден во Рим на којшто сум играл. Многу дожд и мека подлога. Руне е брз, динамичен, искрено беше подобар. Лошо го отворив третиот сет и тука мечот се прекрши, заслужена победа на Руне. На гренслемите е поинаку, таму чувствувам дека имам подобри шанси во три добиени сета“, изјави Ѓоковиќ, кој сега може да се фокусира на гренслемот „Ролан Гарос“, каде што главни конкуренти на хартија ќе му бидат Алкарас и Рафаел Надал.