14.8 C
Skopje
вторник, 11 ноември 2025

Ѓоковиќ: „Синер го следи облакот на допингот како што ме следи мене ковидот“

Новак Ѓоковиќ имаше гостување кај познатиот англиски новинар Пирс Морган, кој беше негов голем критичар, пред сè, поради ставовите на Србинот за ковидот и вакцинацијата.

Морган го запраша Ѓоковиќ дали смета дека веќе не може да освои гранслем против Алкарас или Синер.

„Да, имав сомнеж дека повеќе нема да освојам слем против овие двајца момци. Гледав во ѕидот околу 20 минути, се чувствував празно, сакав повторно да ја освојам љубовта и страста кон спортот, бидејќи ја изгубив“, рече Ѓоковиќ.

Од објавеното кратко видео како најава за интервјуто, може да се слушне и анализа за кариерата на Јаник Синер и позитивниот допинг-тест на Италијанецот.

„Тоа е облак кој го следи него, како што ме следи мене ковидот. Прашај го него“, одговори Србинот, на што водителот рече дека ги интервјуира само најдобрите на сите времиња.

- Оглас -

Најнови вести