Ѓоковиќ со емотивни зборови се обрати до јавноста по дисквалификацијата од Отвореното првенство на САД

Одлуката за исфрлање на најдобриот светски тенисер Новак Ѓоковиќ од Отвореното првенство на САД поради ненамерно удирање со топче на линиски судија синоќа беше вест која го шокираше целиот спортски свет.

На главниот фаворит за титулата во Њујорк му се случи невиден малер помеѓу 11-тиот и 12-тиот гејм на мечот против Пабло Карењо Буста, не можеше да поверува дека е исклучен и дека нема да добие бодови ниту за победите во претходните кола на турнирот, па веднаш по случката си замина без да даде изјава за медиумите. Сепак, тој својот став го изнесе преку обраќање на социјалните мрежи.

„Целата оваа ситуација ме прави навистина тажен и празен. Проверив како се чувствува линискиот судија и според информациите кои ги добив, фала му на Бога, се чувствува добро. Нејзиното име не можам да го откријам поради зачувување на приватноста. Многу ми е жал за стресот кој ѝ го нанесов. Не беше намерно. Беше погрешно. Сакам ова непријатно искуство, дисквалификацијата од турнирот да го претворам во важна животна лекција за да продолжам да растам и да се развивам како човек, но и како тенисер. Им се извинувам на организаторите на Отвореното првенство на САД. Благодарен сум му на својот тим и семејството што ми даваат силна поддршка, како и на моите навивачи кои секогаш се зад мене. Ви благодарам и жал ми е. Беше ова тежок ден за сите“, напиша Ѓоковиќ на социјалните мрежи.

- Оглас -

Најнови вести