Новак Ѓоковиќ и Френсис Тиафо одиграа интересен натпревар на егзибицискиот турнир „Џорџо Армани класик“ во Харлингем, Велика Британија, кој се игра на тревната подлога, како подготовка за грен-слемот Вимблдон.
Србинот го доби првиот сет со 6-3, вториот му припадна на Американецот истотака со 6-3, а не се играше класичен трети сет, туку одлучуваше супер тај-брејк до 10 поени. Фаворитот победи со 10-7 во поени, и извојува победа.
Ѓоковиќ беше опуштен, ја забавуваше публиката, па во еден момент откако Тиафо освои поен, шеговито му дофрли: „Не е убаво тоа што му го правиш на повозрасен човек“. За Новак е прва победа на трева после ланскиот Вимблдон.