14.8 C
Skopje
четврток, 23 октомври 2025

Ѓоковиќ со урнебесна провокација до противникот во првото коло на ОП на САД

Новак Ѓоковиќ, најдобриот тенисер во светот, со освојувањето на Мастерс турнирот во Синсинати најави дека е подготвен да атакува и на трофејот од гренслем-турнирот во Њујорк. Популарното Отворено првенство на САД стартува денеска, а Ѓоковиќ во првото коло ќе игра против Дамир Џумхур од Босна и Херцеговина.

Дуелот од првото коло ќе се игра на легендарниот терен „Артур Еш“, а Џумхур објави фотографија како тренира на тој терен. На фотографијата на Џумхур со коментар се појави и Новак, кој е пријател со Дамир и на шега му искоментира. „Колку пати бе тренираше на Артур Еш? Ти имаш предност. Не е фер. Ќе се жалам“, напиша Ѓоковиќ додавајќи шеговити симболи на коментарот што потврдува дека е само другарска шега.

Комплетната понуда за обложување на мечевите од САД Опен може да ја најдете на Sport Life. 

 

View this post on Instagram

 

Tomorrow 7 pm Arthur Ashe !!

A post shared by Damir Dzumhur (@damirdzumhur) on Aug 30, 2020 at 1:13pm PDT

 

- Оглас -

Најнови вести