6.8 C
Skopje
четврток, 29 јануари 2026

Ѓоковиќ тренираше со македонски тенисер пред дуелот против Јаник Синер

Новак Ѓоковиќ ги направи последните подготовки пред утрешниот меч во полуфиналето на Отвореното првенство на Австралија, каде што за противник го има Јаник Синер. Легендарниот Ѓоковиќ е рекордер со 10 титули на гранслем-турнирот во Мелбурн, но против Синер ќе биде во улога на аутсајдер.

На последниот тренинг пред полуфиналето, Ѓоковиќ за спаринг партнер го имаше младиот тенисер Даниел Јовановски. Тоа е јуниор пред кого се најавува голема тениска иднина, а игра под знамето на Австралија, но потекнува од Македонија.

Јовановски на своите профили на социјални мрежи често знае да постира на македонски јазик.

Ѓоковиќ имал посебни барања за Јовановски, вклучувајќи „кик сервис“ и „сервис на Т линијата“. Тренингот траел еден час.

Според распоредот, Ѓоковиќ и Синер ќе играат во полуфиналето в петок, со почеток од 9:30 часот наутро.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Внесете го вашиот коментар!
Внесете го вашето име тука

- Оглас -

Најнови вести