Ѓоковиќ уживаше во битката на Титаните – Дончиќ и Словенија ја победија Србија предводена од Јокиќ (Видео)

Словенија ја победи Србија со 97:92 по продолженија во пријателски меч што беше спектакуларен во Љубљана.

Почесен гостин во преполната сала „Стожице“ беше српскиот тениски ас Новак Ѓоковиќ, а двете селекции ги предводеа мегаѕвездите од НБА, Лука Дончиќ и Никола Јокиќ.

Дончиќ и Јокиќ го оправдаа епитетот на два гиганти во светската кошарка, а се радуваше Словенецот.

Дончиќ постигна 34 поени со 9 асистенции и шест скока, додека Јокиќ имаше 26 поени со 12 скока.

Двете репрезентации се подготвуваа за Европското првенство што ќе се игра од 1 до 18 септември во Германија, Италија, Чешка и Грузија.

- Оглас -

Најнови вести