23.8 C
Skopje
четврток, 21 август 2025

Гол како што ретко се гледа во ватерполото даде сила Србија да направи пресврт против Хрватска (Видео)

Ватерполистите на Србија се освојувачи на Светската лига, откако во финалето, по голема неизвесност и борба ја победија Хрватска со 12:11. Дуелот кој се играше во Белград, изобилуваше со многу пресврти, а на крајот домаќините се радуваа.

Хрватска одлично започна и по првата четвртина водеше со 3:1, а потоа стигна и до 4:1. Сепак, Србија не се предаде. Полека ја намалуваше предноста на противникот и во последната четвртина се влезе во драматична завршница. „Коцкестите“ водеа со 9:8, кога на четири и пол минути пред крајот, Душан Мандиќ даде неверојатен погодок за израмнување.

Хрватите поведоа со 10:9, но потоа следеа два гола на Филип Филиповиќ и Србија поведе со 11:10.

Следуваше ново израмнување на 11:11, кога Вукичевиќ беше прецизен за гостите, а на 15 секунди пред крајот беше досуден петерец на Србија, а сигурен реализатор беше Филиповиќ, за победа и светска титула на Србија.

- Оглас -

Најнови вести