Сан Лоренцо со 4:2 победи на гостувањето кај Платенсе, а дуелот остана запамтен по спектакуларниот погодок со кој гостите поведоа со 3:2. Се играше 75-тата минута, кога левиот бек на Сан Лоренцо, Габриел Ернан Рохас, направи потег кој вреди да се види.
По еден центаршут, Рохас најпрво ја смири топката на гради, а потоа на атрактивен начин со „ножички“ од работ на шеснаесетникот постигна спектакуларен погодок. До крајот на дуелот, Сан Лоренцо даде и четврти погодок и гостите на крајот се радуваа на победата.