15.8 C
Skopje
недела, 4 јануари 2026

Гол на годината, според ЕХФ, е магијата на Дејан Манасков (Видео)

ЕХФ традиционално го избира најубавиот гол за секоја календарска година во Лигата на шампионите, а за 2025 година ова признание заврши во рацете на македонскиот ракометар Дејан Манасков.

Апсолутно заслужено. Манасков го постигна ремек-делото од левата крилна позиција на мечот против Барселона, кога Митревски фрли одличен цепелин од сопствените шест метри, а Манасков маестрално го матираше голманот Нилсен.

Голот на годината во ЛШ е целосно во македонска продукција – двајца македонски ракометари во дресот на Еурофарм Пелистер создадоа вистински магичен момент.

- Оглас -

Најнови вести