Гол низ нозе и Македонија израмнува на 1:1 против Грузија (Видео)

Македонија не чекаше многу за да го возврати ударот во дуелот против Грузија. Домаќините погодија со гол од пенал во 13 минута, а 20 минути подоцна Македонија израмни. Стефан Ристовски погоди откако успеа низ нозе да му ја протне топката на голманот на домаќините.

Ристовски и Пандев одиграа двојно проигрување и успеаа да ја исфрлат од игра комплетната одбрана на Грузија. Ристовски одкосо излезе сам пред голот и смирено пласираше во домашниот гол за 1:1.

 

- Оглас -

Најнови вести