Продолжуваат пеналите, но овојпат Македонија губи (Видео)

Грузија има водство од 1:0 по првите 15 минути против Македонија, на мечот кој се игра во Тбилиси. Домаќините до погодокот стигнаа благодарение на пеналот кој беше досуден во 12-тата минута. Алиоски направи фаул, а арбитарот оправдано покажа на белата точка.

Окриашвили погоди во 13 минута за радост на домаќините. Со овој пенал само продолжува серијата на удари од белат а точка во изминативе неколку дена. Пред три дена во Скопје, Македонија со 2:1 ја победи Ерменија, а сите три погодоци беа постигнати од белата точка.

Овојпат противникот погоди од 11 метри за водство од 1:0.

https://youtu.be/7KNKxqvQQK8

- Оглас -

Најнови вести