Голчиште на голманот кој жонглираше, а потоа со волеј удар ги воодушеви сите (Видео)

Светското првенство во фудбал на песок се игра во Обединетите Арапски Емирати, на кое може да се видат голем број спектакуларни погодоци. Од сите голови кои беа постигнати досега, посебно впечатлив е тој што го постигна голманот на Иран, Сејед Мирџалили.

Тој тргна од својот гол, жонглираше повеќе од 10 пати, успеа да стигне до половина од игралиштето. Со жонглирање дури успеа и да исфрли од игра еден противнички играч, а потоа со волеј удар даде фантастичен гол, со кој израмни на 2:2 во дуелот против Тахити.

https://twitter.com/i/status/1759889868140789898

До крајот на мечот Иран направи пресврт и славеше со 5:3, а голманот Мирџалили постигна уште еден погодок. Интересно е дека овие две селекции продолжуваат понатаму затоа што во групната фаза беа подобри од фаворизираните селекции на Шпанија и Аргентина.

- Оглас -

Најнови вести