Голден Стејт ја доби драмата кај Мемфис, едно исклучување предизвика многу дискусии (Видео)

Голден Стејт вориорс славеше на гостувањето кај Мемфис и тоа со 117:116, во меч кој беше решен буквално во последниот напад. Мемфис водеше во најголем дел од мечот, најмогу со 13 разлика (42:29), но Голден Стејт заигра одлично во последната четвртина, па и гостите прв пат стигнаа до двоцифрена предност (103:93). Сепак, Мемфис не се предаде и стигна до 104:105, а потоа домаќините поведоа и со 116:114.

Клеј Томпсон во последниот напад за гостите погоди тројка за водство на Голден Стејт, а Џа Морант промаши шут за тројка и победа на Мемфис во последниот напад од мечот, па Воините поведоа со 1:0 во полуфиналната серија од плејофот.

Во првиот меч од полуфиналето, на гости победи и Милвоки кај Бостон.

Освен драматичната завршница, мечот го одбележа и еден спорен момент, кога Драјмонд Грин беше исклучен поради намерен фаул.

https://twitter.com/i/status/1520871084656103428

- Оглас -

Најнови вести