Адетокумбо со трипл-дабл најзаслужен за брејкот на Милвоки против Бостон (Видео)

Бостон селтикс прв пат загуби сезонава во плејофот и тоа на домашен терен. Тимот кој во првото коло со 4:0 го елиминираше Бруклин, вечерва на свој терен беше изненаден од шампионот Милвоки и загуби со 89:101.

Јанис Адетокумбо беше вистински предводник на НБА првакот, па грчкиот центар кој е прва ѕвезда на Милвоки, дуелот го заврши со 24 поени, 13 скока и 12 асистенции. Адетокумбо го имаше и потегот на мечот кога во последната четвртина сам си асистираше од табла и ја заби топката во кошот.

Освен Адетокумбо, кај гостите одличен беше и Холидеј со 25 поени и 10 скока, додека кај Бостон најефикасен беше Тејтум со 21 поени.

 

- Оглас -

Најнови вести