Голден стејт покажа дека знае да победува и без тројки (Видео)

Актуениот НБА-шампион Голден стејт стигна до деветата победа во низа откако со 126:118 славеше на гости кај Вашингтон. Домаќините решија да направат тактика со која ќе се обидат да се одбранат од најсилното орушје на гостите, а тоа се ударите за три поени. Вашингтон успеа да ги неутрализира шутевите од далечина на противникот, но „воините“ покажаа дека знаат да победуваат и без тројките.

Голден Стејт постигна само седум тројки од 20 обиди, но и покрај тоа, речиси во текот на целиот меч имаше контрола врз резултатот. Стеф Кари беше единствениот кој погоди две тројки, и тоа од осум обиди, додека други пет играчи беа прецизни по еднаш за гостите од далечина. На крајот, Кари беше прв стрелец на мечот со 38 поени, а Голден стејт стигна до 34-та победа во 48 меча сезонава и останува најдобар тим на Западната конференција.

Ресел Вестбрук имаше уште еден блескав меч и на крајот заврши со трипл-дабл во победата на Оклахома против Њу Орлеанс. Вестбрук заврши со 23 поени, но имаше и 17 скока и 16 асистенции. За Оклахома ова беше 30-та победа сезонава.

Резултати: Оклахома – Њу Орлеанс 122:116, Вашингтон – Голден стејт 118:126, Феникс – Портланд 106:120, ЛА лејкерс – Минесота 105:120.

- Оглас -

Најнови вести