6852 – Естонија (Ж) – Казахстан (Ж) (17:00)
Дуел на две репрезентации од најнискиот ешалот на женскиот фудбал во Европа. Формата на двете репрезентации е катастрофална. Естонија нема победа 10 месеци, додека Казахстан се нема израдувано 28 месеци. Сепак, денешниот натпревар е одлична можност и за двете репрезентации да одиграат офанзивно и да ја прекинат црната серија. Репрезентацијата на Естонија на последните 10 натпревари дури осумпати одигра „гол-гол“.
Предлог тип: ГГ и 3+ (2.15)
6860 – Албанија (Ж) – Унгарија (Ж) (17:00)
За разлика од Естонија и Казахстан, дуелот помеѓу Албанија и Унгарија е дел од Б дивизијата на женската Лига на нации. Албанија е репрезентација чии натпревари се едни од најефикасните во женскиот фудбал, а за тоа говори и фактот дека на последните 10 натпревари на коишто играле фудбалерките од нашиот западен сосед се постигнати дури 46 гола. Единствениот меѓусебен натпревар што го одиграле овие две репрезентации завршил во корист на Унгарија од 6-0.
Предлог тип: 1+I и 2+II (2.26)
6864 – Норвешка (Ж) – Австрија (Ж) (19:00)
Дуел на две репрезентации од самиот врв на европскиот женски фудбал кои негуваат офанзивен и ефикасен фудбал. Норвешка учествуваше на последното Светско првенство и беше елиминирана во осминафиналето, но нивните натпревари дури и на највисоко светско ниво изобилуваа со голови. Очекувањата се дека така ќе биде и вечерва.
Предлог тип: 1+I&3+ (1.94)
6855 – Белгија (Ж) – Холандија (Ж) (20:30)
Репрезентацијата на Холандија како голем фаворит влегува во дуелот против соседот Белгија. Четвртфиналистот од последното Светско првенство има шест победи во меѓусебните дуели против Белгија, а исто така на шест од вкупно деветте меѓусебни натпревари помеѓу овие две репрезентации се треселе двете мрежи и дуелите завршувале „гол-гол“.
Предлог тип: 2 & ГГ (3.00)
6868 – Франција (Ж) – Португалија (Ж) (21:10)
Дуел на две репрезентации учеснички на последното Светско првенство кои се дел од самиот европски врв во европскиот фудбал. Кога игра женската фудбалска репрезентација на Франција, головите се загарантирани. На последните 20 натпревари на коишто играла Франција биле постигнати вкупно 67 гола, со одличен просек од 3.35 голови по натпревар.
Предлог тип: 1+I и 2+II (2.30)