Мајката на Кристијано Роналдо, Долорес Авеиро, на социјалните мрежи го пофали својот син за нешто што тој всушност и не го направил. Госпоѓата Долорес напиша дека е горда на Кристијано, но проблемот е што покрај оваа порака, стоеше фотографија и сосема погрешна и лажна информација.
На сликата на шега пишува дека Кристијано е играчот кој го спасил Јувентус од испаѓање и притоа на клубот му ја донел првата титула во Серија А по 20 години и дека ова е „неверојатно достигнување“ на Португалецот. Но, мајката Долорес поверува дека нејзиниот син го спасил Јуве од испаѓање и му донел прво Скудето по две децении, па реши да се пофали, што предизвика сеир на нејзина сметка по социјалните мрежи.