Голем кикс на организаторот: Германците се посрамотија во најлош можен момент

Германија го победи Исланд со 26:24 во меч од главната групна фаза на Европското ракометно првенство. Со овој триумф, домаќинот на континенталниот собир остана во трка за место во полуфиналето, додека Исланд остана без бодови во групата.

Освен возбудливиот меч и борбата на теренот, средбата ја одбележа и еден голем кикс на организаторот. Пред почетокот на мечот, кога требаше да се интонираат химните на двете земји, се случи грешка.

Ракометарите на Исланд беа подготвени да ја испеат својата химна, но кога започна мелодијата, сите останаа збунети. Пуштена беше песна која беше химната на Исланд, но тоа беше некоја нејасна мелодија со пребрз ритам, па ракометарите останаа збунети.

Овој кикс на организаторот има дополнителна тежина затоа што селектор на Германија е Исланѓанецот Алфред Гисласон. Пред мечот, Гисласон рече дека ги почитува двете химни и дека двете ќе ги пее, но беше шокиран кога ја слушна мелодијата на неговата матична земја.

Потребни беа 20-тина секунди додека на диџејот му беше сигнализирано дека треба да ја смени химната, а дури потоа се најде вистинската верзија.

- Оглас -

Најнови вести