Како што објавуваат италијанските медиуми, денес во Милан е одржан состанок помеѓу сопственикот на клубот, Гери Кардинале, и директорот Паоло Малдини. Се чини дека состанокот не поминал добро и двете страни имале сосема различни визии за иднината на клубот.
Малдини и претходно изјавуваше дека сопствениците мора да го одврзат ќесето и да доведат засилувања со кои Милан би се вратил во врвот на европскиот фудбал. Визијата на сопствениците е дека треба да се намалат трошоците и екипата да се гради врз постоечкиот играчки кадар.
Милан оваа сезона стигна до полуфиналето на Лигата на шампионите, а првенството во Серија А го заврши на четвртото место, пред сè поради казната на Јувентус.