Голем малер е Агуеро, одби две понуди од великан само за да игра со Меси во Барселона

Серхио Кун Агуеро сакаше својата богата кариера да ја круниса играјќи заедно со Лео Меси во Барселона, но, очигледно тоа барем засега нема да му се исполни.

Како што е познато, Барса поради преголеми долгови не можеше да потпшише нов договор со легендата на клубот кој за беспари замина во ПСЖ.

За тоа колку Агуеро посакуваше да игра заедно со Лео покажува и фактот дека одбил две понуди од италијанскиот великан, Јувентус со значително повисоки примања од овие во Барселона.

И покрај тоа што желбата не му се исполни, весниците од Каталонија наговестуваат дека Кун е среќен во Барселона иако е повреден.

Сепак, последните анализи покажуваат дека тој би можел да му се стави на располагање на тимот на 24 октомври, кога на програмата е големото Ел Класико.

- Оглас -

Најнови вести