Иван Класниќ е голема фудбалска легенда на Хрватска, но и голем човечки симбол на една неверојатна битка за живот, со три трансплантации на бубрег и сè уште подготвен за пат кон Катар да ги бодри своите, селекцијата на Хрватска во полуфиналето против Аргентина.
Класниќ веќе допатува во Катар и ќе биде на трибините на стадионот „Лусаил Иконик“ вечерва од 20 часот, за првото полуфинале на Мундијалот.
Иако поради долготрајните третмани, трансплантации и вируси изгледот му е многу изменет и тешко ќе го препознаете, Иван не се предава и дојде во Катар.
„Ова е долготраен процес, но не се предавам. Пијам таблети секое утро и секоја вечер, вирусот што ме нападна предизвика пад на косата, но сетоо тоа се заборава и сите проблеми ќе останат зад мене само Хрватска да ја победи Аргентина. Ќе навивам од сè срце и верувам во успех и ново финале“, вели Класниќ.
Иван има 42 години и 41 настап за Хрватска, селекција за која постигна 12 гола.