Голем пресврт – Халилхоџиќ ќе го предводи Мароко на Светското првенство во Катар

Иако се најавуваше негова промена, Вахид Халилхоџиќ ќе остане на селекторското место на репрезентацијата на Мароко.

Легендарниот тренер од Босна и Херцеговина вчера имаше состанок со претседателот на Фудбалската федерација на оваа земја, Фузи Лекјае, а Мароканците ги открија двете причини поради коишто Ваха ќе остане предводник.

Првата е дека тој попуштил и наводно ќе ги повика најголемите две ѕвезди, Хаким Зијеш и Нусаир Мазрауи, коишто беа избркани од националниот тим поради недоволно залагање.

Втората причина е тоа што Федерацијата ќе треба да му исплати милиони евра отштета на Халилхоџиќ доколку не успееја да се договорат.

Сепак, сè уште ништо не е официјално потврдено, а понатаму Андре Вилаш-Боаш останува како замена доколку Ваха добие отказ.

Мароко на СП во Катар игра во групата Ф, каде што уште се селекциите на Хрватска, Канада и Белгија.

- Оглас -

Најнови вести