Голем скандал на Отвореното првенство на Австралија, Сабаленка го омаловажуваше пехарот (Видео)

Женскиот светски рекет број 1 во тенисот, Арина Сабаленка, загуби во финалето на Отвореното првенство на Австралија од Медисон Кис, а однесувањето на Белорусинката предизвика сериозни критики кон неа.

Сабаленка се надеваше на трета титула по ред во Мелбурн откако триумфира во 2023 и во 2024 година. Сепак, неочекувано загуби и беше многу незадоволна.

На социјалните мрежи се појави видео на кое се гледа дека Сабаленка, нејзиното момче Георгиос Франгулис и нејзиниот фитнес тренер Џејсон Стејси се смеат и прават гестови кои изгледаат како да се потсмеваат на трофејот и се преправаат како да уринираат врз наградата за второ место.

Многу навивачи го осудија чинот и го опишаа како крајно непочитување и недостаток на етика.

- Оглас -

Најнови вести