Реал Мадрид објави дека во следната сезона дресот со бројот 7 ќе го носи Винисиус Жуниор.
Седумката летово се ослободи по заминувањето на Еден Азар. Бројот 7 има посебно значење за Кралскиот клуб бидејќи во минатото 7 на грбот имаа некои од најголемите легенди на Реал, почнувајќи од Амансио, па Хуанито, преку Бутрагењо, Раул Гонзалес, до Кристијано Роналдо, кој е прв стрелец во историјата на клубот.
По заминувањето на Марко Асенсио, неговиот број 11 ќе го преземе Родриго, а 20-ката која ја имаше Винисиус ја доби левиот бек Фран Гарсија, кој се врати од позајмицата во Рајо Валјекано.
Слободен е дресот со бројот 9, па летово се очекува клубот да ангажира врвен стрелец кој би ја покрил празнината по преселбата на Карим Бензема во Саудиска Арабија.