Навивачите тешко ги поднесуваат мундијалските порази и особено неуспесите што значат елиминација, а тажно изгледа реакцијата на еден Мексиканец откако неговата омилена репрезентација вчера испадна во Катар.
Мексико забележа Пирова победа од 2:1 против Саудиска Арабија и испадна поради полоша гол-разлика од Полска, и тоа за еден погодок.
Тоа не му легна добро на Мексиканецот, кој плачеше, па удри со боксови на телевизорот и на крајот зеде и да сече со нож.
Reakcija nakon ne prolaska dalje reprezentacije Meksika pic.twitter.com/4lAmNJIrvG
— Igor Čobanović (@DaZivimSan) December 1, 2022
Во осминафиналето од Ц групата се пласираа Аргентина и Полска, а испаднаа Мексико и Саудиска Арабија.
Аргентина ќе игра против Австралија во првиот ден од нокаут-фазата, во сабота од 20 часот, а Полјлаците следниот ден ќе им излезат на мегдан на актуелните светски прваци од Франција од 16 часот.