Струга Трим Лум е под притисок дека мора да победи, затоа што Шкендија се доближи на само два бода зад лидерот во Прва фудбалска лига на Македонија. Струга денеска гостува кај Брегалница во Штип, екипа која е сигурна на средината од табелата.
Овие две екипи во изминативе две години одиграа шест пати, а брегалница има една победа, Струга три пати се радувала, додека две средби завршиле без победник. Тоа што е карактеристично е дека на пет од овие шест дуели немало повеќе од два гола.
Актуелнито првак Шкупи гостува во кратово кај Силекс и ова е дербито на денот. Силекс има пет бода помалку од Шкупи, па со евентуален триумф, кратовци ќе може да се борат за третото место кое води излез во Европа.
Последнопласираниот тим на Победа е домаќин на Скопје, а гостите се под притисок да победат за да останат во трка за деветото место каде што е Академија Пандев а носи опстанок за следната сезона.