Голема радост за Реал Мадрид

Дефанзивецот на Реал Мадрид, Дани Карвахал потврди дека е подготвен да се врати на фудбалскиот терен и тоа по пауза од повеќе од осум месеци. Искусниот 33-годишен дефанзивец имаше тешка повреда на коленото, но се очекува да биде во составот за дуелот против Јувентус во нокаут фазата од Светското клупско првенство.

„Се соочив со тоа од првиот ден, знаејќи дека имам долгорочна повреда и дека морам малку по малку да поминувам низ фазите и да не брзам, што е најважно“, изјави Карвахал за „Мундо Депортиво“, а потоа додаде дека е подготвен да биде и на теренот.

„Поминаа речиси девет месеци и сум подготвен повторно да играм. Се познавам себеси и знам дека кога ќе ме пуштат, ќе дадам 100 проценти. Не се плашам и воопшто не ми недостасува самодоверба. Со полна пареа. Она што го забележувам е ритамот на играта. Тренирам со тимот две недели и можете да ја видите таа искра“, додаде играчот кој ја има и капитенската лента во Реал Мадрид.

- Оглас -

Најнови вести