Голема штета: Дејан Георгиевски не обезбеди олимписка норма за во Париз!

Најдобриот македонски таеквондист, Дејан Георгиевски не успеа да обезбеди олимписка норма за настап на Игрите кои ова лето ќе се одржат во Париз. Георгиевски денеска беше дел од турнирот во Бугарија, но Дејан бил поразен со 2:1 во рунди од Плонес, репрезентативец на Белорусија.

Лошите вести ги соопшти тренерот на Георгиевски, Дарко Костовски кој испрати пост на својот фејсбук профил.

„Нормата ни замина од пред очи, немаме норма за олимписките игри во Париз. Загубивме 2:1 во рунди од Плонес репрезентативец на Белорусија.

Историјата од Токио, олимпискиот средбрен медал останува најголемиот државен спортски успех во независна Македонија. Единствената реална опција да се повтори или засили тој успех беше повторно Дејан Георгиевски. За жал не успеавме овој пат !
Живеевме за овој ден, дадовме жртва и над максимум, мотивот Македонија ни беше се, се разбира ќе остане, уште посилно.
Овој олимписки циклус покрај голем број повреди , во државата и сите институции кои требаше да помагаат имавме суров противник, но за тоа во следна прилика.“, меѓудругото пишува во постот на Костовски.

Георгиевски донесе многу радости на Македонија пред нешто помалку од три години, кога на ЛОИ во Токио го освои сребрениот медал, што е најголем олимписки успех за Македонија од осамостојувањето.

- Оглас -

Најнови вести