Голема тага во фудбалските Црна Гора и Србија, почина Андрија Делибашиќ

Почина поранешниот прославен црногорски фудбалер на Партизан, Андрија Делибашиќ. Имаше само 43 години.

На Делибашиќ пред две години му беше констатиран тумор на мозокот, денеска ја загуби тешката битка и прерано си замина од овој свет.

За Црногорците, прва асоцијација за Андрија е голот против Англија во 91-вата минута на мечот во октомври 2011 година, со кој ја однесе својата репрезентација во баражот за Европското првенство.

За Србите, тој ќе остане запаметен како прв стрелец на Партизан во сезоната во која клубот играше во Лигата на шампионите против Реал Мадрид, Марсеј и Порто. Таа сезона Порто стана европски првак, а Делибашиќ на Португалците со Мурињо на клупата им даде два гола. Освен во Партизан, за кого играше девет години, остави трага и во Рајо Ваљекано.

- Оглас -

Најнови вести