Полицијата во Скопје уапси околу 200 полски навивачи, најголемиот дел по учеството во големата тепачка во Градски парк. Околу стадионот „Тодор Проески“ има голем број мирни фанови на гостите, но има и од оние кои се воинствено настроени.
Во Градскиот парк се случи голема тепачка во која учествуваа само полски фанови. Вчера попладне се случија првите инциденти, кога во центарот на Скопје, во едно кафуле имаше тепачка меѓу гостинските фанови, кога беа уапсени четворица.
Денеска билансот на уапсени е многу поголем.