Голема трагедија се случи вчера додека во Минхен на „Алијанц Арена“ играа Баерн и Падерборн. На трибините почина внуката на играчот на Падерборн, Стрели Мамба. Несреќното 14-месечно девојче на трибините беа заедно со своите родители, кога ненадејно загубила светст.
Веднаш реагирала медицинска помош, девојчето било префрлено во болница, но не можеле да ја спасат. Од Баерн Минхен изразија сочуство за семејството на починатото девојче. Германскиот првак со 3:2 славеше против Падеборн, во мечот кој ќе биде запамтен по големата трагедија.