Ракометната екипа на Барселона пристигна во Македонија и утревечер за првпат во својата богата историја ќе се сретне против актуелниот македонски првак Еурофарм Пелистер.
За гостувањето во Битола, во 12-кратниот европски првак велат дека е најжешко гостување во Лигата на шампионите, а тоа го поткрепуваат и со податокот дека онлајн билетите за мечот во салата „Боро Чурлески“ биле продадени само за 8 минути.
Каталонците во Македонија дојдоа без повредениот Карлсбогард и Египќанецот Јехија Елдера, кој станал татко, но тука се бројни ѕвезди како голманот Нилсен, Французите Мем, Фабрегас и Нгесан, Словенците Јанц и Макуц, Шпанец Гомес Абелјо, итн.
📍🇲🇰 pic.twitter.com/uLWyEuBiUE
— Barça Handbol (@FCBhandbol) October 14, 2025