Големата надеж на Реал се налути: Мразам лаги и измами

Пауло Иаго е 17 годишен тинејџер кој се смета како еден од најголемите таленти на Реал Мадрид. Сепак, според последните најави, тинејџерот е подготвен да си замине од Кралскиот клуб, бидејќи е незадоволен од статусот кој го има.

„Го сакам фудбалот, но мразам лаги и измами“, порача Иаго кој го загуби местото на стандарден во младата селекција на Реал Мадрид. Иако е клучен играч во репрезентацијата на Шпанија за играчи до 17 години, во Реал се поретко игра, па токму затоа сака да си замине.

Иаго верува дека треба да оди во клуб во кој ќе добие многу поголема шанса да биде на теренот. Неговиот договор со Реал Мадрид е до јуни 2025 година, но несомнено е дека врвниот менаџер Хорхе Мендес може да му најде добар клуб за напредување во кариерата.

- Оглас -

Најнови вести