Големи проблеми за Барселона, без клучен фудбалер дури и против Реал

Тренерот на Барселона, Чави Ернандес, се соочува со големи проблеми откако беше констатирано дека повредата на Френки де Јонг е сериозна и тој ќе може да се врати на фудбалските терени дури по репрезентативната пауза. Тоа значи дека холандскиот репрезентативец нема да биде подготвен и за дуелот против Реал Мадрид.

Тој се повреди на дуелот против Селта Виго во саботата и мораше да биде заменет уште во првото полувреме.

„Тоа ќе биде значително отсуство за нас. Френки е клучен за нашата игра, особено ако се земе предвид одличната форма во која се наоѓа. Што се однесува до временската рамка на неговата повреда, тоа навистина ќе зависи од него, но ќе треба да процениме како се чувствува по следната репрезентативна пауза“, изјави тренерот на Барселона.

Френки де Јонг до натпреварот со Селта имаше одиграно максимален број минути на натпреварите од Ла Лига.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести