Прославениот Федор Емелијаненко со пораз од Рајан Бадер ја заврши големата боречка кариера. Во последниот меч, Емелијаненко со технички нокаут загуби од Бадер, кој немаше милост против легендата и раскрварен во лицето го испрати во спортска пензија.
Бадер кој е шампион во тешка категорија во Белатор, уште од самиот старт тргна агресивно и брзо го фрли Федор на подот. Потоа започна со серија тешки удари во главата и судијата беше приморан да ја прекине борбата.
https://twitter.com/i/status/1622082853683986435
„Тажен сум бидејќи не ја одработив последната борба како што посакував. Сепак, од друга страна сум среќен, бидејќи вечерва добив голема поддршка од многу легенди со кои во изминативе 20 години го делев рингот“, рече Федор по последниот меч во кариерата.
Според многумина, Федор е најдобриот борец на сите времиња. Имаше блескав период од 2000 до 2010 година, кога загуби само еднаш во 33 меча. Федор во пензија заминува со 40 победи и седум порази, од кои два порази му се токму од Бадер.