Барселона со 2:1 го победи Атлетик Билбао и сега има 40 бодови, израмнувајќи се со Реал Мадрид на второто место на табелата во Примера дивисион. Каталонскиот гигант со овој триумф до некаде му се одмазди на Атлетик Билбао за поразот во финалето на Суперкупот од пред 10-тина дена.
Лионел Меси со фантастичен погодок од слободен удар му донесе радост на домашниот тим во првото полувреме. За Меси ова беше јубилеен 650-ти погодок во дресот на Барселона во сите натпреварувања.
Гостите од Билбао не се предадоа и на почетокот од вториот дел со автоголот на Жорди Алба стигнаа до 1:1. Сепак, да не се расипе јубилејниот погодок на Меси се погрижи Антоан Гриезман, кој донесе нова радост на каталонскиот гигант со погодокот во 75-тата минута за конечни 2:1.
За Гриезман ова беше 11 погодок против Атлетик Билбао, најмногу против кој било ривал од Шпанија. Гриезман на Атлетик му има дадено пет гола како играч на Атлетико Мадрид и по три во дресовите на Барселона и Реал Сосиедад.