Еден од најдобрите млади играчи на светот, Такефуша Кубо, со победнички гол им донесе многу радост на Јапонците во првото коло на олимпискиот фудбалски турнир.
Играчот што сè уште е член на Реал Мадрид иако нема одиграно ниту еден меч за Кралскиот клуб, погоди во 71-вата минута против Јужна Африка за победа на домаќините од 1:0.
Голот на Кубо можете да го погледнете ОВДЕ.
Во исто време од 13 часот се играше и мечот меѓу Хондурас и Романија, што заврши со идентичен резултат од 1:0 за селекцијата од Европа.
Елвин Олива си постигна автогол во 45-тата минута за стартна олимписка победа на Романците.
Претходно денеска Египет и Шпанија ремизираа без голови, Мексико ја победи Франција со 4:1, Нов Зеланд славеше со 1:0 против Јужна Кореја, Брегот на Слонова Коска победи со 2:1 против Саудиска Арабија, а најголемото изненадување го приреди Австралија со триумф од 2:0 против Аргентина.