13.8 C
Skopje
петок, 27 февруари 2026

Големо мнозинство не им дава шанси за победа на Јувентус, Челзи и Дортмунд овој викенд

На еден ден пред истекот на рокот за типување во 21-вото коло на најпопуларната бесплатна игра во Македонија, Спортската прогноза на Sport Life, сосема е јасно кому мнозинството играчи му дава предност за победа, а каде мислат дека ќе биде нерешено.

Така, за германското дерби Борусија Дортмунд – Баерн Минхен, само 9,6 отсто сметаат дека ќе победи домашниот тим, само 7,7 проценти типуваат на Челзи како гостин да победи против Арсенал, а мала е довербата и во Јувентус, 18,9 проценти од тие што досега се изјасниле мислат дека Јуве ќе слави во Рим против Рома.

Типувањето за колото трае до утре во 14 часот, кога започнува првиот од 13-те натпревари од основната понуда.

Прогнозерот кој ќе има 13 погодени натпревари на подарок ќе добие iPhone 16. За 12 погодени меча следува вредносен ваучер од 1.000 денари во Sport Life, додека 11-ката носи ваучер од 500 денари. Најдобриот во генералниот пласман ќе добие подарок смарт телевизор самсунг 55“.

- Оглас -

Најнови вести