Големо понижување за синот на Роналдињо во Барселона (Фото)

Роналдињо е еден од најдобрите фудбалери во историјата на Барселона, но тешко дека ќе има негов наследник во каталонскиот гигант. Синот на Роналдињо, 19-годишниот Жоау Мендес е дел од младинскиот тим на Барселона, но никако не може да се избори за место на теренот.

На денешниот меч на младинскиот тим на Барселона, синот на Роналдињо не само што не беше вклучен во составот со кој настапи, туку доби и чудна задача. На Жоау Мендес му дадоа задача да го снима мечот со видеокамера, а потоа да се знаат каде се прават грешките кои треба да се коригираат.

„Синот на Роналдињо, Жоау Мендес, не беше вклучен во екипата за денешниот меч на Барселона У19, тренерите го претворија во камерман. Мораше да го снима мечот за подоцна да се анализираат грешките на средбата“, стои во веста на шпанскиот „Спорт“.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести