Големо признание за Македонецот: Емил Рајковиќ прогласен за тренер на сезоната во ВТБ лигата!

Македонецот Емил Рајковиќ е прогласен за најдобар тренер сезонава во регионалната ВТБ лига.

Рајковиќ сезонава го води гигантот ЦСКА Москва, тим кој од политички причини не е во Евролигата, но доминира во силната ВТБ лига, а резултатите и рекордната серија победи му го донесоа признанието на нашиот стручњак.

 

Поранешниот тренер на Фени индустри, МЗТ Скопје, Работнички, наградата за тренер на сезоната ја прими пред почетокот на мечот со Локомотив Кубан од полуфиналето на плејофот. Локомотив победи со 84-83 и сега е 1-1 во победи, а серијата се игра во четири добиени.

Во регуларната сезона, ЦСКА имаше 30 победи и само два порази, и постави дури пет рекорди, што беше повеќе од доволно за 44-годишниот Рајковиќ да ја освои вредната награда.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести